ДПАРТНЕРСКИ ДОГОВОР
(понатаму во текстот: „ДОГОВОРОТ“)
Општи дефиниции
Компанијата претставува поединец или група поединци кои се организатори на оваа Партнерска програма и се сопственици на правата за Брендот.
Брендот MelBet.
Ресурси на Компанијата се веб-локациите и мобилните апликации на Компанијата чија намена е да даваат услуги за обложување.
Производи на Компанијата претставуваа услуга или збир услуги кои се нудат на корисниците на ресурсите на Компанијата.
Партнерска програма e соработка помеѓу Компанијата и Партнерите, во рамките на која Партнерите ги рекламираат производите на Компанијата на ресурсите на Партнерите со цел да привлечат Нови корисници за ресурсите на Компанијата, за што Партнерот добива Провизија.
Партнер е вебмастер (физичко или правно лице) кое ги исполнува правилата и условите на Партнерската програма.
Партнерска сметка е личната сметка на Партнерот во Партнерската програма.
Нови корисници претставуваат корисници кои претходно немале регистрирано сметка на ресурсите на Компанијата, кои биле привлечени од страна на Партнерот во рамките на Партнерската програма, а потоа регистрирале играчка сметка на ресурсите на Компанијата и го направиле првиот депозит.
Линк за упатување претставува линк до ресурсите на Компанијата кој го содржи уникатниот идентификатор на Партнерот.
Провизија е паричната награда која му се исплаќа на Партнерот во вид на претходно договорен процент од профитот генериран за Компанијата од Новите корисници донесени од страна на Партнерот.
Исплата се однесува на провизијата која се префрла на Партнерот од интерната сметка на Партнерската програма преку надворешен платежен систем.
Рекламни материјали се однесува на текстуални, графички, аудио, видео и различни други материјали за рекламни намени кои служат за промоција на производите на Компанијата.
Лажен сообраќај се однесува на која било активност вклучена од страна на Партнерот во рамките на Партнерската програма со цел да се добие провизија преку употреба на нелегални методи за генерирање сообраќај, како и какви било дејства кои, според мислењето на компанијата, се нечесни и/или имаат за цел да се измами Компанијата без разлика дали е причинета вистинска штета. Лажниот сообраќај вклучува, но не е ограничен на: трансакции со украдени кредитни или дебитни картички; вратени оспорени плаќања; договарање со поврзани страни; манипулирање на Партнерската програма, бонусите или другите механизми за наградување; креирање лажни сметки со цел да се добие провизија; користење туѓа сметка; користење нечесни надворешни фактори или влијанија (како измама) или нечесно користење на услугите на Компанијата, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на искористување на дупките во софтверот; користење на VPN или прокси-сервери за криење или промена на локацијата или податоците з идентификација на уредот што се користи за пристап до ресурсите на Компанијата; и учество во измамнички или други криминални активности.
ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ДОГОВОРОТ
1. Општи одредби
1.1. Партнерот има обврска да се запознае со правилата и условите на Партнерската програма, како и да ги прифати пред да започне да работи со Компанијата.
1.2. Со регистрирањето во Партнерската програма, Партнерот гарантира:
- ако е физичко лице, дека има целосна деловна способност и е полнолетен во земјата на живеење
- доколку е правно лице, дека има целосна деловна способност и е регистриран во согласност со важечкото законодавство, како и дека ги има потребните корпоративни овластувања за склучување и извршување на овој Договор. Компанијата нема да биде одговорна пред трети страни ако Партнерот не ја почитува оваа клаузула. Доколку се прекрши оваа гаранција, Компанијата има право да ја прекине соработката со Партнерот без да изврши никакви исплати.
1.3. Партнерот ќе ја сноси целосната одговорност за безбедноста и чувањето на личните податоци, вклучувајќи ги и корисничките имиња и лозинки. Компанијата нема да биде одговорна за загубата на какви било лични податоци од страна на Партнерот и/или нивно пренесување на трети страни.
1.4. Во согласност со одредбите на Партнерската програма, Компанијата го задржува правото да одбие соработка со кој било Партнер, при што не е обврзана да даде објаснување за своето одбивање.
1.5. Компанијата го задржува единственото право да прави измени, дополнувања или ревидирања на овој Договор без претходно да го извести Партнерот. Сите измени или дополнувања ќе станат правосилни веднаш по нивното објавување на ресурсите на Компанијата. Компанијата може, но нема да биде обврзана да го извести Партнерот за таквите промени. Партнерот е одговорен редовно да го проверува овој Договор и ресурсите на Партнерот за промени. Продолжувањето на учество во Партнерската програма по објавувањето на какви било дополнувања, укажува на прифаќање од страна на Партнерот на новата верзија на Договорот. Договорот што е на сила ќе биде верзијата што е објавена на веб-локацијата на Партнерската програма.
1.6. Партнерот може да се регистрира само еднаш за Партнерската програма. Повторна регистрација, вклучувајќи и регистрација на потпартнер, е строго забранета.
2. Поставување на рекламни материјали
2.1. Соработката меѓу страните во склоп на Партнерската програма вклучува и поставување на рекламни материјали на ресурсите на Партнерот.
2.2. При поставувањето и дистрибуирањето на рекламните материјали во склоп на соработката со Компанијата, Партнерот се обврзува дека ќе ги почитува важечките закони, барањата на регулаторите и етичките стандарди, при што единствено ќе користи рекламни материјали кои биле одобрени од страна на Компанијата.
2.3. Во случај Партнерот да изготвува сопствени Рекламни материјали, Партнерот се обрвзува да добие претходна писмена согласност од Компанијата пред да ги постави.
2.4. Партнерот се обврзува да се погрижи дека сите објавени рекламни материјали се ажурирани.*
*Забрането е да се објавуваат рекламни материјали кои содржат:
– неточни услови за промоциите, бонусите и специјалните понуди
- застарени креативни материјали
- старо лого на Компанијата
– името на Компанијата само или заедно со линкови до веб-локациите на конкурентите
Ако Партнерот објави застарени рекламни материјали, Компанијата го задржува правото да ја блокира сметката на Партнерот..
2.5. Партнерот ќе се погрижи нивното објавување на рекламни материјали да е во согласност со законите на земјата во која се објавени, како и во случај на какви било тврдења од регулатори и/или трети страни.
Доколку се утврди дека рекламните материјали на ресурсот на Партнерот го прекршуваат овој Договор, Партнерот ќе добие предупредување и од него ќе биде побарано да ги замени таквите материјали во рок од 5 (пет) работни дена.
Ако Партнерот потоа не објави ажурирани рекламни материјали во согласност со барањата на Компанијата, Компанијата го задржува правото да ги блокира исплатите сѐ додека не се објават ажурирани рекламни материјали.
Доколку Договорот се прекршува редовно, Компанијата има право да го раскине овој Договор со Партнерот без да исплати провизија.
3. Ресурси на партнерот
3.1. При регистрацијата, Партнерот се обврзува да обезбеди сеопфатни информации за ресурсите на Партнерот што ќе ги користи Компанијата во рамките на Партнерската програма.
3.2. Партнерот ќе биде целосно и единствено одговорен за работата и содржината на ресурсот на Партнерот или ресурси каде што се поставени рекламните материјали.
3.3. Партнерот гарантира дека активностите на ресурсите на Партнерот се во согласност со важечките закони и се обврзува да спречи поставување материјали на нивните ресурси кои се клеветнички, ограничени според возраста, нелегални, штетни, заканувачки, непристојни, расно или етнички нетолерантни, или на кој било друг начин се непристојни или дискриминаторски, принудни, политички чувствителни или на друг начин се во спротивност или ги прекршуваат правата на Компанијата или правата на трети лица.
4. Интелектуална сопственост
4.1. До степен што е потребен за Партнерот да ги исполни своите обврски според овој Договор, на Партнерот му се доделува бесплатна, неексклузивна лиценца во текот на овој Договор за користење на трговските марки, логоа и друга интелектуална сопственост на Компанијата дадена од Компанијата за целите на извршувањето на овој Договор. Оваа лиценца не му пренесува на Партнерот какви било права на сопственост врз интелектуалната сопственост на Компанијата, при што Компанијата целосно ги задржува своите права на интелектуална сопственост.
4.2. Ако, додека соработува со Компанијата во склоп на овој Договор, Партнерот изготвува рекламни материјали за Компанијата, ексклузивните права на интелектуална сопственост врз таквите рекламни материјали ќе бидат префрлени на Компанијата од моментот на нивното создавање. Провизијата вклучува плаќање за изготвување на рекламни материјали, како и за пренос на сите права на интелектуална сопственост врз дадените материјали.
4.3. Партнерот се обврзува да не го копира, делумно или целосно, надворешниот дизајн на ресурсите и брендот на Компанијата, или било кои веб-локации што содржат трговски марки и друга интелектуална сопственост регистрирана од Компанијата.
4.4. Ресурсите на Партнерот не треба да создаваат лажен впечаток дека тие се директно управувани од Компанијата или Брендот.
4.5. Партнерот нема да има право да ги користи логоата, графичките решенија и маркетиншките материјали на Компанијата без дозвола на претставниците на Компанијата, освен рекламните материјали кои се добиени од Компанијата во склоп на Партнерската програма.
4.6. Партнерот не смее да го регистрира или користи името на Брендот, или кое било име кое е слично на Брендот што може да доведе до забуна, или имињата на други брендови поврзани со компанијата во кој било дел од адресата (доменот) на веб-локацијата на Партнерот, на интерни страници или мобилни апликации. Ова вклучува употреба на кое било име кое целосно или делумно се состои од трговска марка поврзана со Компанијата или што може да се помеша со споменатата трговска марка. Во такви случаи, Партнерот го прифаќа правото на компанијата да ја утврди веројатноста за забуна.
4.7. Партнерот нема да има право да набавува/регистрира/користи клучни зборови, зборови за пребарување, мета тагови или други идентификатори кои би се користеле во пребарувачите, порталите, рекламните услуги или други услуги за пребарување/упатување кои би биле идентични или слични на Брендот, на кои било трговски имиња поврзани со Компанијата или на кој било друг бренд во сопственост на Компанијата.
4.8. Партнерот нема да има право да создава страници и/или групи на која било социјална мрежа (вклучително, но не ограничено на Фејсбук, Твитер и др.) кои може погрешно да бидат сфатени како страници или групи поврзани со Компанијата.
Партнерот, исто така, се согласува дека нема да создава или пласира мобилни или интернет апликации и веб-локации кои може да бидат сфатени како апликации или веб-локации поврзани со Брендот и/или со Компанијата.
4.9. Во случај кои било од точките 4.1 – 4.8 на овој Договор да бидат прекршени, Компанијата го задржува правото да ги ревидира условите на соработката.
5. Забранети дејства
5.1. Партнерот се обврзува да не дејствува во свое име и да не ги поставува или споделува Рекламните материјали во име на управата, раководителите или другите вработени на Компанијата и Партнерската програма.
5.2. Партнерот нема да има право да стапува во контакт со потенцијалните клиенти на кој било начин кој може да резултира во конкуренција помеѓу Партнерот и Компанијата во поглед на промоцијата на веб-локацијата или веб-локациите.
5.3. Рекламните материјали не смеат да се поставуваат или дистрибуираат во следните формати:
- спам по е-пошта, односно масовно испраќање на несакана е-пошта без претходна согласност од примателите
- контекстуално рекламирање кое се повикува на Брендот на Компанијата
- скриено кликање (clickunders), т.е. онлајн рекламирање во кое ново јазиче или прозорче за рекламирање автоматски се отвора во прелистувачот откако корисникот ќе кликне на страница, без експлицитна согласност од корисникот
- скриени прозорчиња (popunders), т.е рекламни прозорчиња кои автоматски се појавуваат зад активниот прозорец на прелистувачот, без да ги прекинуваат активностите на корисникот, но остануваат на екранот додека не се затворат рачно.
5.4. Партнерот се согласува дека нема да нуди или дава поттик (финансиски или друг) на кои било потенцијални Нови корисници за регистрација, правење депозит или преземање на кое било друго дејство без претходно да добие писмена согласност од Компанијата во склоп на Партнерската програма, освен за стандардни рекламни програми кои Компанијата може повремено да ги обезбеди преку Партнерската програма.
5.5. На Партнерот му е забрането да го користи својот Линк за упатување за да регистрира сопствена играчка сметка на ресурсите на Компанијата, како и да дејствува во завера со други лица со интерес.
5.6. На Партнерот му е забрането да користи тактики за манипулација со колачињата, како што се:
- отвoрање на ресурсите на Компанијата во iframe со големина нула или во невидлива зона
- применување на тагови, скрипти за колачиња или други слични дејства со цел да добие Провизија.
5.7. Користењето на Лажен сообраќај е строго забрането. Секое дејство на Партнертот поврзано со привлекувањето на лажен сообраќај ќе се смета за прекршување на условите на овој Договор и ќе ги повлече последиците наведени во точка 7.4 од овој Договор.
6. Доверливи информации
6.1. Во текот на времетраењето на Договорот, на Партнерот може да му бидат дадени доверливи информации поврзани со бизнисот на Компанијата, нејзините активности, технологии и Партнерската програма (вклучувајќи, на пример, Провизијата и сличните плаќања провизии кои ги добива Партнерот во склоп на Партнерската програма).
6.2. Партнерот се согласува дека нема да споделува или да пренесува какви било доверливи информации на трети страни освен ако Партнерот нема претходно добиено писмена согласност од Компанијата. Партнерот ќе користи доверливи информации само за потребите за постигнување на целите од Договорот. Обврските на Партнерот во однос на доверливите инфрмации ќе останат важечки и по завршувањето на овој Договор.
6.3. Во случај точките 6.1 или 6.2 од Договорот да бидат прекршени, Компанијата ќе има право да го поништи Договорот со Партнерот и да одреди казни во согласност со важечките закони за заштита на доверливите информации.
7. Провизија
7.1. Провизијата на Партнерот нема да биде со фиксна вредност и ќе зависи од приходот на Компанијата добиен од Новите корисници кои се регистрирале користејќи го Линкот за упатување на Партнерот, како и од квалитетот на сообраќајот.
7.2. Од моментот на регистрацијата во Партнерската програма, секој нов Партнер има право да добие провизија во вредност од 20 (дваесет) проценти од нето профитот на Компанијата добиен од Новите корисници донесени од дадениот Партнер во текот на 3 (три) календарски месеци, со цел зголемување на обртот. По 3 (три) календарски месеци од датумот на регистрација во Партнерската програма, износот на провизијата е 15 (петнаесет) проценти од нето добивката што ја добива Компанијата од Новите корисници донесени од Партнерот, освен ако страните не се договорат одделно за различен износ на провизија.
7.3. Ако во рок од 3 (три) последователни календарски месеци Партнерот не успее да привлече 3 (три) Нови корисници, Компанијата ќе има право да направи измена на условите на соработката, да го намали износот на провизијата, да ја суспендира сметката на Партнерот во Партнерската програма, или еднострано да го раскине овој Договор со Партнерот.
7.4. Компанијата има право, според сопствено дискреционо право, да ги провери активностите на Партнерот за знаци на лажен сообраќај. Периодот на проверка не може да надмине 90 денови. За време на периодот на проверка, исплатите на Провизијата на Партнерот ќе бидат суспендирани. Откривањето на лажен сообраќај од страна на Партнерот се смета за прекршување на овој Договор и може да доведе до ревизија на условите за плаќање на Провизијата, како и до други последици предвидени во овој Договор. За да се избегне сомнеж, секој приход остварен како резултат на лажен сообраќај нема да се земе предвид при пресметувањето на Провизијата за Партнерот. Компанијата, исто така, го задржува правото да ги одземе сите износи претходно платени на Партнерот кои се поврзани со лажен сообраќај од идните плаќања на Провизијата.
8. Исплати на Провизијата
8.1. Провизијата се исплаќа еднаш неделно, секој вторник, а го опфаќа периодот од понеделник до недела од претходната седмица, вклучително, доколку се исполнети следниве услови:
- Партнерот претходно ги договорил деталите за плаќање на Провозијата со менаџерот на Компанијата
- Провизијата го надминува минималниот износ на исплата од $30,00 (триесет американски долари) и Партнерот привлекол повеќе од 4 Нови корисници.
Провизијата достапна за повлекување се пресметува врз основа на настани кои се целосно подмирени во моментот на исплата. Провизијата од неподмирените настани ќе биде исплатена на Партнерот штом ќе заврши подмирувањето.
Доколку не се исполнети условите за исплата, Провизијата автоматски ќе се пренесе во следниот период (вклучувајќи го и секое негативно салдо).
8.2. Компанијата има право да ги задржи исплатите на Партнерот во случај на непредвидени технички проблеми во рамките на Партнерската програма или во случај да треба да е потребна проверка на Партнерот и ресурсите на Партнерот за да се обезбеди усогласеност со условите на овој Договор.
8.3. Компанијата има единствено и ексклузивно право да пресметува и врши исплати на Партнерот во иста валута како и приходот што го добива Компанијата од Новите корисници упатени од Партнерот.
9. Одговорност на страните
9.1. Партнерот ќе биде целосно и единствено одговорен за работата и содржината на ресурсите на Партнерот. Доколку Партнерот ги прекрши условите од овој Договор и важечкото законодавство, Компанијата има право еднострано да го раскине Договорот без да плаќа Провизија, вклучително и која било Провизија пресметана пред датумот на раскинување на договорот.
9.2. Партнерот се обврзува да ѝ надомести на Компанијата за сите загуби, вклучително и правни трошоци, кои произлегуваат како резултат на побарувања од трета страна предизвикани од прекршување на условите од овој Договор од страна на Партнерот.
9.3. Компанијата не е одговорна за какви било индиректни загуби, вклучително и изгубен профит или губење на угледот искусени од Партнерот како резултат на раскинувањето на овој Договор или какви било други дејства преземени од страна на Компанијата во рамките на Партнерската програма. Компанијата не е одговорна пред:
– трети лица за прекршување на условите од Договорот од страна на Партнерот
– за секое губење на лични податоци од страна на Партнерот и/или нивно пренесување на трети лица
– за какви било побарувања од трети лица поврзани со активностите на ресурсите на Партнерот и/или поставувањето рекламни материјали
9.4. Компанијата не дава никакви изречни или имплицитни гаранции во однос на Партнерската програма, рекламните материјали или ресурсите на Компанијата, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на гаранции за соодветност за одредена цел, комерцијален квалитет, законитост или непрекршување на правата. Компанијата исто така не гарантира непречено или работење без грешки на ресурсите на Компанијата и, соодветно, не е одговорна за какви било последици предизвикани од прекини или грешки во нивното работење.
9.5. Компанијата не дава никакви гаранции, уверувања или презема обврски во однос на износот на Провизијата што може да ја добие Партнерот како резултат на неговото учество во Партнерската програма. Износот на провизијата зависи од многу фактори, вклучително, но не ограничувајќи се на нивоата на активност на Новите корисници упатени од Партнерот, и усогласеноста на Партнерите со условите од овој Договор.
9.6. Максималниот износ што Компанијата може да го плати во случај на каква било тужба, побарување или отштета поврзана со овој Договор е ограничен на износот на Провизијата платен на Партнерот во месецот пред споменатото побарување.
10. Политика за решавање спорови
10.1. Сите спорови и несогласувања во врска со овој Договор ќе се решаваат со преговори. Во случај на спор, Партнерот може да испрати писмена жалба по е-пошта до Тимот за поддршка на Партнерската програма користејќи ја е-адресата дадена на веб-локацијата на Партнерската програма, вклучувајќи детален опис на спорот.
10.2. Компанијата има право да одбие да ја разгледа жалбата доколку:
- Партнерот не обезбеди доказ за непрекршување
- жалбата содржи вулгарности, повици за насилство или лажни обвинувања. Ваквите дејства од страна на Партнерот ќе се сметаат за прекршување на овој Договор.
10.3. Рокот за разгледување на приговорот е 14 (четиринаесет) работни дена од моментот на приемот.
10.4. Одлуката донесена од Компанијата е конечна и не е предмет на разгледување. Компанијата го задржува правото да не разгледува жалба.
Условите на овој Договор ќе се сметаат за прифатени од страна на Партнерот од моментот кога ќе се регистрираат за Партнерската програма. Партнерот се обврзува внимателно да ги прочита условите на овој Договор пред да се регистрира.